07.10.2025

Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и  функционална хидрантска мрежа во Кочани

Почитувани сограѓани,

Во наредниот четиригодишен мандат, јас како кандидат за градоначалник, заедно со носителот на листата на советници, најавуваме:

Зајакнување на капацитетите за заштита и превенција од пожари.

Тоа значи грижа за граѓаните, шумите, инфраструктурата, односно безбедноста на целиот град.

Набавка на современа противпожарна опрема за сите пожарникари, набавка на навално возило и противпожарни цистерни.

Ревизија и оспособување на градската хидрантска мрежа, ревизија и оспособување на станбената хидрантска мрежа.

Усогласување на бројот на вработени според законската регулатива.

На 19-ти направете го вистинскиот избор.

Број 9.

Бројот 9 е за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

https://youtu.be/C7LiIgNErMk