31.08.2022

Вељановски: Времето на неработниците е завршено, поднесено барање до претседателот на Советот на Општина Карпош за отпочнување на процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница

Почитувани граѓани на Карпош,

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош денеска поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Карпош, господинот Бранко Ристов за отпочнување на процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница на Советот.

Треба да се знае дека во Карпош времето на неработниците за граѓаните е завршено. Треба да знаат сите оние кои што не ги почитуваат позитивните законски прописи дека консенквенците за нивното работење односно неработење треба да се поднесе.

Три пати не биле советници од повеќе советнички групи, но ние цврсто стоиме на ставот дека секој еден кој што ќе нема оправдание треба да го изгуби советничкиот мандат. И оној што следува потоа на листата да си дојде во Советот на Општина Карпош.

Цениме дека до наредната седница целата оваа процедура ќе биде завршена. И цениме дека ќе можеме да поднесеме точка на Дневниот ред за одземање на мандатите на оние кои што согласно членовите од Законот за локална самоуправа и членовите од Деловникот за работа на Советот на Општина Карпош. И  дека на следната седница ќе им ги одземеме мандатите на оние кои што не работат од интересот, за интересот и во интересот на граѓаните на општина Карпош.