Плановите по кои се развива нашето Берово се стари повеќе од 30 години, уште од 1992 година.
Тие веќе не одговараат на нашите потреби и се причина за урбаниот хаос и проблемите со кои се соочуваме секојдневно.
Затоа, изработката на комплетно нов генерален и детален урбанистички план е наш клучен приоритет.
Ова значи дека конечно ќе ставиме ред. Ќе дефинираме каде има нови паркови и зеленило, каде ќе се градат улици, паркинзи и како ќе го заштитиме највреден ресурс, природата.
Ова е темелот за паметен и одржлив развој.
Заокружете го бројот 9, за ред и за развој.










