31.07.2025

Ѓорчев од Гевгелија:  Одлична атмосфера, ќе победиме во првиот круг

Добровечер на сите, 

Поздрав од Гевгелија од ОК. Имавме навистина добар, позитивен состанок, победничка атмосфера. 

Владата на Македонија стои зад општина Гевгелија. Имаме одличен кандидат за градоначалник. Градоначалник сегашниот и иден градоначалник, Андон  Сарамандов. Имаме добра советничка листа, одлична советничка листа. Така што, во Гевгелија атмосферата ни е добра. 

Имаме проекти со коишто можеме да се пофалиме, значи Владата на Македонија, Владата на Христијан Мицкоски, стои зад општина Гевгелија и така наредните 4 години ќе го дадеме максимумот. Значи, со добра мисла, со позитивна атмосфера, со добра екипа, со одличен тим, одиме заеднички.