Почитувани,
Во изминатите денови ние веќе започнавме со одржување на средби со нашите сограѓани преку урбаните заедници.
Направивме неколку состаноци каде што имавме можност да слушнеме предлози, идеи проблеми со кои што се соочуваат нашите сограѓани, а овој и наредниот викенд продолжуваме со отворени викенди каде што ги повикуваме сите наши сограѓани да дојдат и да дадат свој предлог идеја, проект, во просториите на општина Штип од 11 до 14 часот.
Целта е преку заедничка комуникација со нашите сограѓани да ги осознаеме суштинските потреби за креирање на буџетот за 2023 година.
Јас се надевам дека најголем дел од предлозите и од проблемите со кои се соочуваат ќе најдеме финансиски средства да ги реализираме тие проекти и да ги решиме проблемите на нашите сограѓани.
Навистина има одлични предлози, ќе напоменам само неколку дека суштинска потреба на Штип е да се изврши промена на водоводната и канализациона мрежа во одредени делови од градот каде што имаме најзастарена подземна инсталација. Исто така дефинитивно потреба да се воспостави јавен градски превоз кој што планираме веќе во буџетот за 2023 година да биде вметнат овој проект. Другите проекти се исто така решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, повеќе паркинг места, реконструкција на неколку значајни улици и се на се сметам дека граѓаните се секогаш во право и секогаш се тие кои што се најповикани да ги кажат своите предлози и идеи.
Се надевам дека овој и наредниот викенд интересот кај граѓаните ќе биде на едно задоволително ниво за да имаме јасна слика и навигација кои проекти треба да се реализираат.