10.12.2022

Јовчески: Предлозите и идеите на граѓаните ги инкорпорираме во нашата програма, решаваме проблемите кои се рак рана за нашиот град

Почитувани,

Чест ми е што денеска на третиот ден на отворен ден од средба со граѓани во присуство на претседателот на Советот на општина Прилеп, во присуство на администрацијата, раководителите на секторите од општината, а исто така во добар разговор и разменување на предлози и идеи во огромно присуство на граѓаните го преставивме сето она што планираме во 2023 година да го исполниме.

Се работи за огромен број на проекти и идеи кои што ги инволвиравме во нашата програма ветена во 2021 година. Со таа цел ние ги постигнуваме успесите кои што ги очекуваат нашите сограѓани.

Се работи за исполнување на проекти од капитален размер или конкретно за проекти на кружни текови проекти за спортски игралишта, рехабилитација на огромен број на улици, повеќе од 50.

Потоа една од рак раните ни се влезовите на нашиот град кој што исто така од Крушево кон Прилеп и од Македонски Брод кон Прилеп има завршна документација и спремни сме да ги реализираме во наредната 2023 година. Со тоа ќе го исполниме нашето ветување и се разбира и задоволството на нашите сограѓани.

Линк од видео материјал: