03.11.2022

Јовчевски: Новата градинка која е во завршна фаза ќе згрижи над 250 дечиња од Прилеп


Почитувани медиуми, почитувани посетители, нека ни е честит 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на градот Прилеп, воедно да ви се заблагодарам за вашето присуство. 
Денеска посебно сум горд што конечно во завршна фаза е детската градинка во населбата Точила која што се простира на површина од 5030 метри квадратни со капацитет за прием на деца од предшколска возраст од 252 дечиња и која што фаза конечно ни ветува дека во најскоро време со докомплетирање на документацијата конечно од јануари или февруари, се разбира тука треба  до израз треба да дојде и обврската на Министерството за труд и социјална работа која што треба да се погрижи за обезбедување на ентериерот во детската градинка. Со тоа докажуваме дека ние конечно сме спремни да ги реализираме сите проекти кои што и се започнати, за жал можам да потврдам дека сепак огромниот дел до завршувањето на градинката исто така и наследувањето на целокупниот долг за исплата остана на локалната самоуправа и можеме со гордост да се пофалиме дека со домаќинско менаџирање веќе исплативме 37 милиони  денари.
Благодарноста на акцијата која што е превземена за досредување во оваа состојба каква што е сега моментално ни дава дознаење дека ние со самите проекти за подобра иднина ги реализираме и ги остваруваме сето она што сме го ветиле предизборно и после назначувањето на локалната самоуправа на чело со мене во општина Прилеп.