09.07.2023

Ѓорѓиевски: Сами се организираме со помош на нашите колеги, да не дозволиме Кисела Вода и Скопје да тонат во смет, кога некој што треба тоа да го работи е неспособен

Почитувани мои сограѓани

Како што и денеска на очиглед на целата јавност имав изјава поврзана со таложењето неколку дневно на отпадот во Кисела Вода, вечерва на мое задоволство и помош на моите колеги градоначалникот Стефче од Сопиште и Митко од Кавадарци започнавме со нивна помош, но и со наши помали камиончиња општински, со нашите служби да го собираме отпадот во Кисела Вода.

Сами се организираме со помош на нашите колеги, се со цел да не дозволиме нашата општина, но и Градот Скопје да тоне во смет, кога на очиглед на целата јавност некој што треба тоа да го работи е неспособен и нема начин како истото да го изведе.

Не верувам дека ќе успееме целиот отпад да го собереме вечерва, но најударните, најфреквентните места ќе бидат опфатени.

Добро сме организирани, нашите сезонски служби се исто така на терен, за што сакам да им заблагодарам од срце што и во недела како и останатите луѓе и служби кои се приклучија како од Кавадарци и Сопиште ќе работат до доцна во ноќта и ќе можеме да ги исчистиме најфреквентните места, а со помалите општински камиони ќе ги чистиме руралните средини како Драчево, Припор и Усје.

https://www.facebook.com/1OrceGj/videos/2179303828922155?locale=mk_MK