По неколку децении се реконструира коловозот на влезот во Драчево
Започнува првата фаза од реконструкцијата на една од главните артерии во Драчево, улицата „Јустинијан |“, или кај населението позната како „Драчевска“.
Во оваа прва фаза од градежните активности ќе бидат опфатени 500m од мостот на Маркова Река до влезот на Драчево.
Со ова, завршува долгогодишната голготата на сите учесници во сообраќајот кои секојдневно се соочуваа со нерамнините и дупките на оваа улица и значително ќе се унапредат условите во кои ќе се одвива сообраќајот.
За нашите сограѓани да добијат подобар и поквалитетен живот, она што со години им недостасува и го заслужуваат се вложуваме максимално.
Градежната офанзива со која Кисела Вода ќе добие едно ново руво, модерно и урбано, рамномерно ќе ги опфати сите урбани и месни заедници.
Со напорна работа и посветена работа, продолжуваме понатаму за наша Кисела Вода!