30.11.2022

Ѓорѓиевски: Нов рекреативен парк на местото на дивата депонија во село Драчево

По повеќе од три децении празни ветувања, дивата депонија во местото викано Оксиген ја претвораме во огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2!
Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот и здравјето на моите сограѓани.
Тоа не би било така доколку властите во изминатите неколку децении го сределе ова место. Напротив, беше уште едно лажно ветување дека оваа депонија ќе прерасне во парк, особено пред секои избори.
На тоа решивме да му ставиме крај и конечно ова место да стане современ рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат сите возрасти.Рекреативниот парк ќе се простира на површина од 7500m2 и ќе нуди детскикатчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи.
Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно новите игралишта, но и да уживаат во фудбалските натпревари од трибини во денот, но и навечер бидејќи целиот парк ќе биде осветлен.

Паркот секако, ќе има има и голема површина на зеленило за сето ова убаво да изгледа и зеленило кое ќе содржи систем за самонаводнување преку атмосферски бунар.Местото веќе почнува да го добива својот лик, работите се одвиваат со полна пареа за овие мои сограѓани да го имаат тоа што го заслужуваат.
Убеден сум дека ова ќе биде ново централно место на кое сите ќе се собираме, ќе се дружиме и ќе остане да сведочи за новата иднина која ја испишуваме за нашата Кисела Вода.
Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои мојот народ ги препознава!

https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid02y5t1DwcLZi7ECh9iYjc2JuQPkD58wLtYHv3bxciHxxjvyDCsbayND2wcmpzMXLLGl