25.01.2023

Ѓорѓиевски: Над 3.5 милиони денари инвестирани во ЈДГ „Весели Цветови“ во Кисела Вода

Инвестиравме над 3.5 милиони денари во објектите на градинката „Весели Цветови“
Инвестициите во раниот детски развој кои овозможуваат поттикување на интелектуалните способности, го стимулираат логичкото мислење и ја подобруваат моториката се неопходност која е влог во интелектуалниот, општествениот и емоционалниот напредок на децата.
Влог во иднината.
Водени од тоа, продолжуваме со уште поголем интензитет да работиме на унапредување на условите за децата од предучилишна возраст.

Денес, објектите на ЈДГ „Весели Цветови“ во Кисела Вода ги опремивме со играчки и дидактички материјали.
Обезбедивме и нови постелини и кујнска опрема, а паралелно правиме и инфраструктурни подобрувања секаде каде што има потреба.
Објектот „Сончоглед“ во кој денес се наоѓаме, после половина век добива и нови енергетско-ефикасни прозорци, а вакви зафати кои на директен начин влијаат на подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование, се планирани и во другите градинки на територија на општина Кисела Вода.
Јавниот систем на воспитување и едукација го градиме на високи стандарди, нешто што предучилишните институции кои се под надлежност на нашата општина секако ќе им го овозможат на нашите најмлади жители.

https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid02fhnxkWzCv1vhkA2yCRB8Q9PALBPosJewXGrALrscorEaBYj3UE56e8iDfh2Vdibcl