31.08.2022

Ѓорѓиевски: Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во Општина

Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во Општина. Со општинските служби и денес сме на терен. По синоќешната интервенција на кризниот штаб која траеше до доцна во ноќта и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала.Во општина Кисела Вода е креиран тим за комуникација со граѓаните кои претрпеа штета, во главно од силниот ветар кој однесе настрешници, гранки и откорна делови од покриви. Ги упатуваме дека штетите можат да се пријават во општина Кисела Вода, барака 12, соба 4, кај лицето Далибор Стојановски или на телефон 070/259-873. Воедно, ги известуваме граѓаните дека будно ја следиме метеоролошката состојба, на располагање се ставени сите расположиви ресурси на општината, а во интензивна комуникација сме и со јавните претпријатија и службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0cGHzp3eNGZJujMtAp3sU9a49ptEJwneCkCpBmf2HmRhKNHGCCjxinLSeqFeJPM1sl&id=100052298961760