06.09.2022

Ѓорѓиевски: Исчистени се 20 тони отпад од Кисела Вода

Исчистени 20 тони отпад од Кисела Вода
Во заедничка акција на службите на општина Кисела Вода и ЈП ,,Комунална хигиена”, денес се чистеше низ територијата на општината.
Од утрото, триесетина сезонски работници го собираа комуналниот и кабастиот отпад во сите месни и урбани заедници.
Со четири камиони насобраниот отпад потоа повеќе пати се носеше на Дрисла. Собрани беа вкупно 20 тони отпад.
Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи.
Апелираме до сите наши жители за совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот.
Грижата и одговорноста за средината во која живееме треба и мора да биде заедничка.


https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid0L3nBaYz5s88g8FnhPVL37tbu6ojgAzPNsmYzVfwcUzVFVVNj6JGrJcnrXq44sRj3l