09.06.2023

Ѓоргоска Илиевска: Овие години од Владата на СДС живееме во систематски предизвикан бродолом преку бришењето на се македонско

Мими Ѓоргоска Илиевска, претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Охрид на тема култура и туризам рече дека културата е паметење и ги сублимира историјата, обичаите и навиките.

„За да имаме квалитетна култура потребна е јасна, треба културна политика. Здравата културна политика треба да ја искористи цивилизациската можност и да му понуди на времето делата кои се создадени да не бидат избришани“, тече Ѓоргоска Илиевска.
Ѓоргоска Илиевска чија експертиза е во областа на филмот рече дека бардот на македонската кинематографија, Љубиша Георгиевски со една реченица објасни што живееме, таа е „систематски оневозможуваната акумулација на духовните добра значи дисконтинуитет на сеопштиот развој“.

„Токму тоа се случува последните 6-7 година, Георгиевски тоа го предвиде во своја книга од 1992 година. Ние овие години живееме во систематски предизвикан бродолом преку бришењето. Тоа се контиунирани очајнички обиди македонската културата, вредностите да биде избришана. Тоа е свесно конципиран обид и се создава едно мртво културно море“, кажа Ѓоргоска Илиевска.

Таа се осврна и на она што беше создадено претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се направи многу за заштита на филмското наследство, се направи дигитализација на филмското наследство како многу значаен сегмент за зачувување на трајни историски факти, како и нивна достапност до јавноста бидејќи можеме повеќе да ја промовираме, а така се зацврстуваме како се што е македонско. Бевме меѓу први земји кои започнаа со дигитализација на филмско наследство“, рече Ѓоргоска Илиевска.

Ѓоргоска Илиевска заклучи дека „оваа власт не ја сфати или не сакаше да ја сфати важноста на филмската дејност“.

„Што се случува? Филмот во рацете на оваа неспособна власт е само алатка за реализација на лични интереси. Оваа власт сака да се отфрли се што говори за Македонија“, рече Ѓоргоска Илиевска.