27.12.2022

Шопова до советниците: Подржете го амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  за подмирување на сметките за струја на социјално загрозени лица во вредност од 25 милиони денари

Жаклина Шопова, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на советот го образложи амандманот поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата Обнова за Македонија за финансиска помош во вредност од 25 милиони денари за подмирување на дел од потрошената електрична енергија на социјално загрозени лица.

Имено, во услови на енормни поскапувања кога цените на сите основни продукти секојдневно се зголемуваат, бројот на граѓаните за кои овие продукти всушност стануваат луксуз, енормно расте. Од друга страна самата економска и енергетска криза бројот на социјално загрозени граѓани генерално во државата, па и во Град Скопје расте.  Со оглед на тоа што граѓаните секогаш биле и ќе бидат приорите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесе овој амандман се со цел да им се пружи финансиска помош во подмирување на дел од потрошената електрична енергија за која се најавува како што знаеме  ново поскапување веднаш после Новогодишните празници, изјави Шопов.

Шопова ги повика и останатите советнички групи да го поддржат амандманот, укажувајќи дека ова нема да направи дис баланс на планираните приходи и расходи во вкупниот буџет на Град Скопје.

Поднесувањето на амандманот во суштина барам да биде подржан од сите вас како би можело да се спроведе и одлуката за парична помош за социјално загрозени лица погодени од енергетската и финансиска криза на граѓаните од Град Скопје за намирување на нивните сметки за струја, која на 20тата седница на советот на Град Скопје во согласност со градоначалничката беше донесена. Имено со овој амандман се предвидува 25 милиони денари да бидат прераспределени од програма Е0-општинска администрација, под програма 42, стоки и услуги, ставка 426 други тековни расходи, да бидат прераспределени во програмата В2- домови за стари, под програма 46 субвенции и трансфери ставка 464 разни трансфери. Со предложениот амандман нема да се направи дис баланс на планираните приходи и расходи во вкупниот буџет на Град Скопје, вели Шопова.