19.06.2023

Трипуновски од Јегуновце: Поплавени се околу 1000 хектари земјоделска површина, владата да ги обештети земјоделците и да ги исчисти коритото на реката Вардар

Денеска заедно со градоначалникот сме на увид на штетите кои што се настанати од поплавувањето на земјоделските површини во општина Јегуновце.

Станува збор за некаде околу 1000 хектари земјоделски површина која што е поплавена и практично има голема штета. Тоа мораме да го потенцираме дека е како резултат на неажурноста на власта. Тоа е реалната состојба. Еве како прво подружницата на АД Водостопанство Тетово нема директор. Коритото на реката Вардар последните 6, 7 години не е припнато да се регулира да се исчисти и да се тргне вегетацијата за да може протокот да биде нормален. И нормално одводните канали на територија на Јегуновце кое што е надлежност на АД Водостопанство не се исчистени. И таа ситуација доведува до една ваква состојба, односно поплавување на домовите и земјоделските површини.

Она што и градоначалникот ме информира е дека од страна на локалната самоуправа се формирани комисии кои што ќе излезат уште денеска на терен и ќе прават проценки на штета, меѓутоа тоа е она кое што е обврска на општината.

Она што сакам да го упатам како апел е да власта врз однос на тие штети да ги обештети земјоделците од Јегуновце, затоа што сепак треба нивната егзистенција да продолжи и понатаму и нормално да се засукаат ракавите и регулација на овие корита на реката Вардар и одводните канали да се исчистат час поскоро за во иднина да не се најдеме во уште една ваква несакана ситуација.