07.11.2023

Тозиевски: Во Ресен се работи домаќински, започната е изградба на канализационен систем во Перово и Сливница, нови водоводи, патишта и инвестиции во образованието

„Денеска извршивме увид на завршените проекти во оваа измината година, поделивме некаков си редослед на пет веќе завршени и пет нови проекти што ги започнавме. Навистина значајни, две отпочнати канализациони системи во Перово и Сливница, завршен канализационен систем во Ресен, нови водоводи и нови патишта, нови спортски терени, инвестиции во образованието“, истакна градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на денешната средба со граѓани во Општина Ресен во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Тој додаде дека во Ресен се работели отчетно, транспарентно и домаќински.

„Навистина ова што денеска го видовме и презентиравме е направено со многу работа, затоа што притисокот и сите препреки со кои што се среќаваме, не викам јас во Ресен туку секој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во цела Македонија е пеколно, вели тој.

Тозиевски додаде дека за многу кратко време Мицкоски ќе ја води новата влада во Македонија и ќе работи за успешна просперитетна држава и да ги задржиме нашите млади, нормално и за просперитетна и успешна локална самоуправа.

Сите знаеме дека за многу краток период овој човек што вечерва е со нас ќе е предводник на модерната Република Македонија, на успешната Република Македонија за да имаме успешна просперитетна држава и да ги задржиме нашите млади, нормално и просперитетна и успешна локална самоуправа“, заклучи Тозиевски.