30.12.2022

Стојкоски: Новата детска градинка во Волково ќе згрижи над 135 дечиња, го надминуваме проблемот со сместување на деца во градинките

Почитувани претставници на медиумите добар ден, се наоѓаме во Волково пред објектот на новата детска градинка „Сонце“, клон од градинката „Росица“ во општината Ѓорче Петров.

Денеска присуствуваме заедно со претседателот, Мицкоски на извршување увид на завршени градежни активности, посебно на делот на градежните активности што како општина Ѓорче Петров ги финансиравме во изминатата година се со цел да се стави што е можно побрзо во функција самиот објект. Должен сум да напоменам дека проектот е финансиран од Светска Банка преку Министерството за труд и социјална политика во поголем дел и дел она што го завршивме како градежни активности од приближно 7 милиони денари од страна на општината Ѓорче Петров во изминатата година. Успеавме да ги надминеме сите градежни проблеми кои што ги имавме со самиот објект, а се однесуваа пред се во делот на изградба на потпорните ѕидови, внатрешни, надворешни оградувања, во делот безбедноста на дечињата. Она што го имаме позади нас можете да видите дека сега има поставено ограда и на кровната конструкција. Во дел интервениравме  во санитарните јазли, извршивме интервенција и во делот на системот за ладење и греење со што конечно објектот е спремен да ги прими дечињата.

Се работи за објект во приближна големина од околу 1600 метри квадратни корисна површина, објект во кој што ќе можат да се сместат 7 групи на дечиња од различна возраст. Дополнително целата парцела на објектот е некаде околу 6.000 метри квадратни. Во овој објект ќе можат да се сместат по сите стандарди околу 135 деца, а верувам дека ќе може и повеќе, кога ќе земе градинката да работи со пол капацитет. Конечно успеавме да ги надминеме недоразбирањата со Министерството за труд и социјална политика бидејќи цела година баравме согласности за нови вработувања, да го отвориме овој објект и да профункционира објектот „Детелинка“ кој што до сега го финансиравме сами од страна на општината Ѓорче Петров.

Со ова решаваме горлив проблем бидејќи тука со сместувања на овие деца очекуваме листата на чекање во градинките во Ѓорче Петров да дојде под 200 дечиња, инаку таа во еден момент беше и до 800 деца. Со правилна реорганизација годинава успеавме да запишеме околу 1300 дечиња. Јас верувам дека со отварањето на овој капацитет дека дополнително ќе се намали тој проблем. Паралелно со ова аплициравме годинава за изградба на нова детска градинка во населбата Дексион или Ѓорче 2. Изработивме и проект за нова детска градинка во Стопански Двор каде што имаме чиста локација.

Во буџетот на општина Ѓорче Петров за 2023 година се предвидени средства за проектирање на две дополнително нови детски градинки од кој што едната  во планот кој ни е во потапка на носење СЖ16 на местото на стамбен објект избришавме маркица и уцртавме маркица за градинка. Сметавме дека е многу попотребно во тој централен дел на Ѓорче Петров да предвидиме нови локации за детски градинки бидејќи и потребите на жителите во тој дел се најзиразени можам да кажам во моментот.

Дополнително работиме и на локација на уште една детска градинка, тоа е во дворот на основното училиште „Димитар Поп- Ѓорѓиев – Беровски кој што со носење на планот кој што го опфаќа тој дел од општината Ѓорче Петров верувам дека дополнително ќе придонесе во надминување на овој горлив проблем.