24.08.2022

Стојкоски: На местото на депонијата ќе се гради нов мега парк на површина од над 31.000 метри квадратни

Ѓорче Петров е првата Општина во Град Скопје што добива нов мегапарк
На нова паркова површина од над 31.000 квадратни метри која ќе изобилува со зеленило, уредени патеки, спортски, забавни содржини и осветлување денеска стартуваше изградбата на мега-паркот во Ново Село.
Почетокот на изведбата го означивме заедно со Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје. Ова е заеднички проект реализиран од страна на двете институции.
Паркот ќе биде од исклучително значење за нашата општина, за околу 45.000 жители кои ќе го посетуваат и во него ќе го поминуваат своето слободно време.
Дрвјата што ќе се засадат во овој парк ќе растат заедно со нашите деца, како потврда за напорите што јас и градоначалничката Арсовска ги вложуваме за зазеленување на јавните површини и за поздрава и почиста животна средина.
Ова е прв капитален проект од ваков тип што се реализира во Ѓорче Петров. Претходно, оваа површина беше депонија која ја загадуваше целата околина.

https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr/posts/pfbid0623bHjtG51SWyyJmrCPMSgRnrAv3sxr4hye3Y3HGQHdLyF67hYxjFtzghpLSwQ2ul