27.11.2024

Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен во општина Бутел

Денес на седница на Град Скопје, каде што се разгледуваше предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, со цел приклучување на населените места Љубанци и Љуботен на водоводната мрежа, говореше и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски. Стојановски изрази поддршка за иницијативата и ја истакна важноста на овој проект за локалното население.

„Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме за оваа точка од причина што јасно е дека во тој дел на Општина Бутел има проблем со водоснабдување затоа што тие места се на повисоките места во општината, а и во повисоките околу градот Скопје. Затоа сметаме дека оваа одлука ќе допринесе за подобар стандард на жителите на Љубанци и Љуботен во Општина Бутел“, истакна Стојановски

Стојановски дополнително ја поздрави иницијативата.

„Ја поздравувам оваа одлука на Градот Скопје и Општината Бутел, особено на Општината Бутел, за реализација на проект за водоводна мрежа“, изјави Стојановски.

Стојановски апелираше и други општини да го следат примерот.

„Се надевам дека и другите општини кои имаат вакви населени места на повисокиот дел на Град Скопје ќе воспостават меѓуопштинска соработка за водоводна мрежа за тие населени места каде што има слаб притисок или во одреден дел од годината има недостиг на вода“, кажа Стојановски.