09.07.2023

Стефковски: Работиме на повеќе точки, се надевам до утринските часови ќе ја нормализираме состојбата која ја предизвикаа неспособните институции од град Скопје

Неспособноста на институциите од градот Скопје повторно излегоа на виделина и скопјани се гушат во смет. За таа цел заедно со механизацијата и човечките ресурси од ЈКП „Гази Баба 2007“ со поддршка од Општина Илинден и Општина Петровец вечерва на повеќе локации во Гази Баба ќе го собираме сметот од улиците

Можам да ветам граѓаните да бидат спокојни и целокупниот смет од улиците ќе го подигнеме иако ова е целокупна надлежност на градот Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ ние не смееме да дозволиме како општествено одговорни лица кои се носители на јавни функции да граѓаните во Општина Гази Баба да се жртви и да се небезбедни по однос на нивното здравје и нормално да се загадува животната средина.

Во текот на целата вечер ќе преземеме низа активности и заедно со директорот ја Јавното комунално претпријатие ќе бидеме на повеќе локации со цел да го превенираме ова што се случува во целиот Град Скопје и во Општина Гази Баба.

Ќе работиме на повеќе точки особено во урбаните средини низ Гази Баба и се надевам дека до утринските часови ќе успееме да ја нормализираме оваа состојба.

https://www.facebook.com/StefkovskiB/videos/1033003241023768