Повисоки плати за сезонските работници во ЈКП Гази Баба од овој месец!По втор пат во само една година од мојот мандат ги покачуваме платите на сезонските работници во ЈКП Гази Баба.
Денес бев во посета на ЈКП Гази Баба каде имав средба со дел од сезонските вработени, како и со директорот Игор Атанасовски.
Сезонските работници во ЈКП Гази Баба се луѓето кои се секогаш и секаде, при секакви прилики да делуваат во интерес на граѓаните.
Комуналната хигиена во општината е еден од важните сегменти во секојдневното функционирање на општината.
Се додека граѓаните се задоволни од работата, мојата поддршка и трендот на зголемување на платите во ЈКП Гази Баба ќе продолжи, бидејќи ние сме тука за граѓаните.
