08.02.2024

Станковиќ до Арсовска: Ваша должност е да побарате од ДЗР да изврши ревизија за финансиското работење на ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“

Во меѓувреме видовме дека се работи за една иницијатива која беше поднесена од нашата советничка група пред почетокот на седницата, меѓутоа со оваа иницијатива ние не баравме да се донесе некаква одлука па да е потребно време да се разгледа или не. Оваа иницијатива единствено бара од градоначалникот на Град Скопје, односно да го задолжи градоначалникот на Град Скопје да испрати едно барање во кое ќе побара од Државниот завод за ревизија во рамките на своите законски овластувања да изврши ревизија на финансиското работење на двеве Јавни претпријатија чиј основач е токму Советот на Град Скопје, тоа е ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, истакна Малиша Станковиќ член во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој продолжи и додаде дека двете иницијативи се однесуваат исклучиво за тоа.

„Во меѓувреме градоначалникот на Град Скопје заедно со службите ни испрати едно известување во кое се наведува дека веќе ќе започне ревизија од внатрешниот ревизор спрема ЈП „Паркови и зеленило“ и второ дека веќе е најавена ревизија од ДЗР“, кажа Станковиќ.

Тој смета дека денеска треба да се донесе ова задолжение и да се поддржи оваа иницијатива затоа што:

„Прво барањето беше да се покрене иницијатива до ДЗР и оттаму она известување дека внатрешниот ревизор на Град Скопје ќе изврши контрола на работењето на ЈП Паркови и зеленило за кое бевме сведоци на очигледни минуси во кое е однесено тоа претпријатие, јас сметам дека е недоволно затоа и баравме тоа да биде ДЗР и затоа сметам дека оваа иницијатива од таа гледна точка треба да помине. Што се однесува до втората, ако го погледнете планот за ревизија на ДЗР тогаш ќе видите дека во сите оние наведени претпријатија во кое ДЗР ќе изврши финансиска контрола таму не стои ЈСП Скопје напротив таму имаме еден дел во кој ќе видите дека постои дел во кој ДЗР врши само ревизија на успешноста односно оние пренесени ревизии и се однесува на безбедноста на сообраќајот во Град Скопје, така да ДЗР најавува ревизија на Јавното претпријатие меѓутоа глобално заради безбедноста“, изјави Станковиќ.

Тој потенцираше дека потребно е сите да ја поддржат ова иницијатива.

„Заеднички треба да се поддржи оваа иницијатива која нема да претставува никаков проблем на градоначалникот и на службите да напишат барање во кое ќе го замолат ДЗР да изврши ревизија на финансиското работење за 2023 година на овие две претпријатија“, кажа Станковиќ.

Во упатената реплика кон директорот на ЈСП Скопје, Станковиќ му посочи дека нема од што да се плаши и да има страв.

„Директоре, не разбирам зошто е овој страв и толкава паника ако пратиме еден допис од една реченица дека ќе бараме ревизија, зошто, од што се плашите? Имате ли нешто да скриете па сега се плашите и сега жестоко тука напаѓате. Прво иницијативата воопшто не се однесува на вас па вие да станете и да ја браните“, изјави Станковиќ.

Станковиќ е дециден дека нема потреба од страв. 

„Доколку сте работеле како што треба тогаш никому ништо, но доколку не сте работеле како што треба тогаш ќе добиете кривична пријава и веднаш по смена на оваа ненародна власт ќе одговарате“, порача Станковиќ.