17.02.2023

Сарамандов: Низ цела Гевгелија се подобрува инфраструктурата, добиваме уште една сообраќајна врска со граничниот премин, а старата депонија станува зелена површина

Во изминатиот период на целата територија на општина Гевгелија беа реализирани повеќе проекти , беа направени повеќе зафати за подобрување на комуналната, патната и воопшто на целата инфраструктура во општина Гевгелија.

Во моментов имаме градежни активности на повеќе локации во општината, во завршна фаза е изградба на стационарот за бездомни животни кој се наоѓа кај старата депонија, во тек е реконструкција на стариот објект во Богородица на стариот објект на Вимилк, а денес извршивме увид во поставување на новата водоводна линија за населено место Богородица каде ќе биде решен децениски проблем за жителите од ова населено место.

Исто така извршивме увид и во градежните активности на изградбата на новата сервисна улица на потегот од казиното Сенатор до Милци, со што Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска со граничниот премин, а од друга страна ќе овозможиме подобри услови на сопствениците на приватни парцели да почнат да инвестираат.

Исто така извршивме увид на старата депонија каде два месеци се врши затворање и сме во завршна фаза и истата во наредниот период ќе биде уредена со зелена површина и дрвца.

Со почит,