09.04.2024

Пешевска: СДС дојде на власт со многу ветувања, а заминува со многу нанесени штети на Македонија и граѓаните

„СДС дојдоа на власт со една од лагите за европската интеграција на земјата во Европската Унија, па бесплатно европско здравство итн., билбордите низ Скопје и низ државата стоеја ама ништо не донесоа од тоа“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа истакна дека актуелната власт во Македонија од СДС и ДУИ дозволи во Македонија прво со Преспанскиот договор, потоа и со договорот за добрососедство со Бугарија да се укинат правата на малцинствата од другата страна на границата.

„Ние во определбата на државата во која насока треба да оди немаме дилема, европската интеграција е број 1 за нас, тоа сме го докажале и со соработката со многу партии од Европа. Се што власта уништи треба ние да го поправиме, црвените линии на државата толку ги спуштивте прагот што сега ќе треба тешки маки за да се поправи ситуацијата“, вели Пешевска.

„Ја претворивте Македонија во жална приказна безнадежна ситуација во Македонија затоа што ако одите помеѓу македонските граѓани и кога одите низ Македонија имате се повеќе мајки кои плачат по своите чеда што заминале во странство, се повеќе имате бизнисмени кои велат дека се оданочени со високи даноци, граѓани кои не можат да преживеат од 1-ви до 31-ви“, потенцираше Пешевска.