Кирили Пецаков, градоначалник на Охрид на денешната негова изјава на настанот „Твојата идеја за промени“ каде што граѓаните предлагаат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за следната буџетска година истакна дека граѓаните се организирани на ниво на месни заедници, имаат свои предлози со суштински потреби за нивните населени места и сите проекти се на нивно барање.
-Очигледно граѓаните се организирани на ниво на месни заедници, имаше неколку прашања кои побараа да влезат во програмите во Буџетот односно во изгласувањето на самиот буџет, меѓутоа месните заедници како што кажав се организираа, имаат свои предлози и би рекол дека принципот кој што создадовме во минатата година секако кога нешто е битно да се направи без разлика дали е тоа асфалтирање на некакви улици, проблеми со водата, нова водоводна линија, канализациона мрежа или било каква потреба да е, ние сме биле во комуниакција со нив. Не била лична моја желба или на секторот туку нивните долгогодишни проблеми ги решававме и ова е повик го сфатија буквално така, тие се дојдени би рекол спремни за она кое што се нивни суштински потреби, побарувања за да влезат во буџетот во наредниот период. Овој принцип би рекол на функционирање го воведовме, а сме поблиску до граѓаните и овие отворени денови каде што повторно ќе бараме од граѓаните одредени предлози за буџетот, така ќе продолжи да функционира и понатаму затоа што ние како локална власт ја црпиме силата исклучиво од граѓаните, рече градоначалникот Пецаков.
Тој посочи дека во централното градско подрачје има места кои што сеуште не се поврзани со канализациона мрежа.
-Во централното градско подрачје има места кои што сеуште не се поврзани со канализациона мрежа, така да тоа е една од основните работи и секако пристапот до вода до секој граѓанин не е еднаков посебно во летниот период кога ние како град имаме голем проблем заради зголемувањето на бројот на туристи, кажа градоначалникот Пецаков.
На крај градоначалникот Пецаков додаде:
-Многу е тешко за реализирање на она кое ние го имаме како замисла, но дополнителна тежина ни претставуваат јавните претпријатија кои што сами по себе функционираат со блокирана сметка и нивните основни потреби за материјали, за работа за она кое што треба да го сработат на терен, а е зададено од локалната самоуправа се голем проблем за нив. Но оваа година ние сработивме преку 30 милиони заедно со јавните претпријатија што не е случај со минататa година и сме му дале можност наместо она кое било во 2021, 8 милиони сега да сработи околу 30 милиони, значи сме му дале на прeтпријатијата да живеат односно да ја извршуваат нивната работа, да можат да плаќаат плати и да ги сервисираат сите оние тековни обврски кои што ги имаат.