04.06.2023

Петрушевски:Тука сме меѓу народот да ги слушнеме нивните проблеми и да понудиме решенија

Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при денешните теренски посети беше во населените места Нерав, Мождивњак, Конопица, Мартиница, Градец каде потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ нема недостапни, небитни населени места.Денеска тим на ВМРО-ДПМНЕ е во село Нерав на 1.200 метри надморска височина, кажавме дека за нас, за ВМРО-ДПМНЕ нема небитни места нема оддалечени места или нема недостапни и мали  места. Нашето мото, нашата визија е Македонија за сите луѓе и тоа го покажуваме и денеска. Овдека луѓето живеат со сериозни проблеми од инфраструктурен карактер, патот им е руиниран и нема скоро основни услови за живот, рече тој.Петрушевски потсети дека власта целосно го има изгубено допирот со реалноста и со проблемите на граѓаните во населените места во Крива Паланка.Граѓаните велат можеби Љупчо Николовски не знаме каде му се и  ги изгубил платежни картички, но знаат со сигурност  дека го изгубил допирот  со реалноста и со проблемите на овие луѓе и генерално на жителите во населените места во општина Крива Паланка, кажа тој.Петрушевски на крај порача:Ние одлучивме наместо да коленичиме пред одредени канцеларии и  амбасади да бидеме заедно тука помеѓу народот и заедно со нив да ги слушнеме и нивните проблеми меѓутоа и да ги понудиме и нашите решенија и нашите предлози како Република Македонија да стане нормална пред се достоинствена, европска и напредна држава.