04.09.2023

Петков: Во Виница и виничко се реконструираат и градат нови улици

Денес заедно со претседателот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршивме увид на градежните активности за изградба на две улици во село Градец за кое може да кажам дека е едно од најзапоставените места во општина Виница изминатите години.
За неполни две години ние успеавме да изградиме три улици, додека имаме изработено проектна документација уште за ве улици кои во наредниот период ќе бидат реализирани. На тој начин значително ќе биде подобрена сообраќајната инфраструктура во ова населено место.
Но, не само заградец ние планираме подобрување на инфраструктурата во другите населени места. Во село Блатец се изградени веќе две улици додека дополнително имаме изработено проектна документација уште за една улица. Во завршна фаза е локалниот пат Блатец – Злетово во должина од три километри кој е асфалтиран останува уште да се постави сообраќајната сигнализација. За преостанатите два и пол километри ние имаме комплетна градежно-техничка документација. Во село Јакимово имаме изградено пешачка патека на влезот во селото и имаме изработено комплетна градежно техничка документација за изградба на една улица која планираме да биде реализирана во наредниот период. Во село Истибања имаме поплочено една улица додека наредните денови планираме да биде извршено поплочување на уште две улици и да се реконструира центарот на селото.
Имаме склучено договор за изградба на пристапен пат до земјоделски површини во селото Виничка Кршла. За село Лишец очекувам овие денови да склучиме договор за изградба на канализациона мрежа која треба до крајот на годината да биде завршена.
Моментално се работат проекти за изградба и реконструкции н улици во населените места Лески, Липец, Трсино и по изработка на овие проекти ќе пристапиме кон реализација.
Од проектите кои моментално се градат во доста напредна фаза е реконструкција на Сината сала при Домот на културата Тошо Арсов во Виница. Овој проект се гради со засилена динамика и очекувам за два месеци комплетно да биде завршена со што граѓаните ќе добијат современа сала која претставува култно место каде се одржуваат настани од домашен и меѓународен карактер како што е Меѓународниот фестивал на хумор и сатира Виница Веритас и Меѓународниот фолклорен фестивал Истибањско здраво живо.
Планирани проекти во наредниот период се изградба на термо изолациона фасада на зградата на општина Виница. За два дена очекуваме да биде избран изведувач, така што зградата на општина Виница ќе добие сосема нов лик.
Во тек е подготовка на тендерска документација за реконструкција на водоводната мрежа на улица Иво Лола Рибар во Виница која очекувам до крајот на годината да биде завршена. Планирано е да бидат завршени проектите почнати во изминатиот период а беа прекинати тоа е реконструкција на кино салата во Виница, изградба на затворениот градски пазар. За кино салата очекувам овие денови да биде распишана нова јавна набавка, за затворениот градски пазар во тек е изработка на измена на проектната документација па за два месеци очекувам да биде комплетирана техничката документација по што ќе биде распишана нова јавна набавка и се надевам дека овие два проекти во 2024 година ќе бидат готови. Исто така оваа година ќе распишеме јавна набавка за спортски терен, спортско игралиште за кошарка и теретана на отворено, па јас се надевам дека за неколку месеци и тоа ќе биде завршено. Имаме изработено проектна документација за улицата Славчо Стојменски и Страшо Пинџур во Виница, додека во тек е изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на улиците Раде Кончар, Стив Наумов, Климент Охридски дел од улица Четврта Македонка Бригада, улица Иво Лола Рибар и Македонска и по изработката на овие проекти ќе почнеме со нивна реализација.
Голем дел од проектите кои беа предвидени во нашата изборна програма се веќе реализирани или се во фаза на реализација.