Почитуван проф. д-р Христијан Мицкоски, почитувани медиуми, почитувани сограѓани,
Денес сме на локација на улица „Браќа Ставреви“ да го одбележиме почетокот и извршување на работите околу реконструкција на ова улица. Во тек се работите на замена на рамници, поставување на тротоарската површина и последната фаза ќе следи гребење и обновување на коловозната лента.
Во исто време денес сакаме да го одбележиме и завршувањето на еден проект со кој се решава децениски проблем на населеното место Тркање, завршувањето на канализационата мрежа, терцијална и изградба на колектор од околу 3 километри, со што ова населено место се поврзува со пречистителната станица во Мојанци. Таму ни остануваат да направиме дополнителни напори, целото село да го покриеме со канализациона мрежа и комплетно да биде решен проблемот со канализација на ова населено место.
Во исто време сакам да ја најавам реализацијата на уште два проекти, тоа е реконструкцијата на „Споменикот на слободата “ за кое ќе следи брза тендерска постапка, избран е изведувач на работите, изградба на канализациона мрежа во Оризари во вредност од 7 милиони денари, со што исто така во Оризари ги заокружуваме и решаваме комплетно проблемите во делот на канализациониот систем.
Во следниот период ќе следи реализација на проект за реконструкција на улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“ со средства од Светска Банка во висина од околу 500 000 евра, и сметам дека покрај ова улица и тие две кои претставуваат главни сообраќајни артерии на градот Кочани ќе имаме една нова ситуација и можност за безбедно и брзо одвивање на сообраќајот на територијата на град Кочани.
Последната работа која сакам да ја споделам со вас и со граѓаните на општина Кочани е добиениот грант од страна на словенечкиот центар за меѓународна соработка во висина од околу 223 000 евра, со тоа што општина Кочани уште толку ќе инвестира сопствени средства за решавање на проблемот со потрошувачката на електричната енергија во Комуналното јавно претпријатие. Значи ќе се гради фотоволтаична електроцентрала на кровот од постројката каде се складира компостот во пречистителната станица за отпадни води. Сметам со една таква инвестиција дека ќе ја подобриме состојбата и во Комуналното претпријатие и за општина Кочани