Почитувани од СДС тоа што го реализира Градоначалникот со локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во текот на една година вие во претходните 4 години стоејќи на глава не можевте да го замислите.
Повторно манипулирате со бројките или не знаете да прочитате буџетот на општина Битола што доколку е така навистина е жално.
Прашуваме сега дали вие кои 4 години трошевте народни пари а ништо не направивте ?
Дали вие потрошивте 120 милиони евра, а ништо не направивте односно во последната година го направивте само мовчето кај Буковски?
Во однос на ребалансот и вашите предлози околу капитални вложувања што вие ќе предложите е ваше право а ние ќе наброиме само дел од изготвените над 60 проекти од Буџетот за 2023 година е досега најтранспарентниот буџет кој некогаш е донесен со директно вклучување на граѓаните од УЗ, бизнис секторот и НВО.
Буџетот е со зголемен акцент и поддршка за изградба и реконструкција на улици и патишта, спортот, културата, образованието изградба на пречистителни станици и колектори, паркови и зеленило.
Улица Зборска
улица Драгорска
улици во село Егри
улици во село Лажец
улици во село Оптичари
улица Стив Наумов
Група на улици во Населба Недопирливи
Колектори и Пречистителна станица Национален парк Пелистер
Улично осветлување и пешачка патека спрема Долно Оризари
улица Студентска
Реконструкција на патот од ссело Трново до влез на Национален парк Пелистер
11 Улици во Горно Оризари
11 Улици во Долно Оризари
Адаптација на објект за ветеринарна заштита – прифатилиште за бездомни животни
Реконструкција на уллица Индустриска
Изградба паркинг кај ул. Цане Василев
Улица Зборска
улица Солунска втора фаза
Изградба на објект за противпожарна станица
Изградба на парк – Довлеџик
Реконструкција на паркинг кај спортска сала Боро Чурлевски
улица од Св. Недела до Нови гробишта
Рекреативна зона Тумбе кафе – Смолево
Изградба на детска градинка во АРМ
Оваа 2023 година за општина Битола ќе биде година која ќе донесе многу нови проекти со кои значително ќе го подобри животот на сите граѓани во Битола.