14.11.2022

Нелоски: Предложивме финансиска помош за ФК Вардар за делење на плати, Арсовска е против помошта

Владимир Нелоски, советник во советот на Град Скопје на денешната седница на советот ги повика советниците од сите политички партии да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи  фудбалскиот клуб се наоѓа во тешка финансиска состојба и овие средства ќе помогнат на клубот, укажувајќи дека вината треба да се бара во претходното раководство на Град Скопје кој немал слух за изнаоѓање на решенија се со цел клубот да не дојде во ваква состојба како што е денес.

ФК Вардар е Скопје, ФК Вардар е во многу големи проблеми, и да не е во сопственост на градот, но состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во втора лига со милионски долгови итн, посочи тој.

Нелоски изјави дека фудбалерите веќе 4 месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.

Но, ФК Вардар во овој момент се бори против сите околности во кои што се наоѓа и е прв на табелата во втората лига. И итноста на оваа точка и барањето на финансиска помош на ФК Вардар произлезе од тоа што пред некоја седница овде имаше дебата за вработените во ЈСП Скопје кои што немаа земено плата за претходниот месец, а фудбалерите на ФК Вардар немаат земено плата 4 месеци и треба да земат. И мора да се најде системско решение, додаде Нелоски.  

И ќе бидам прв кој што ќе повика за било каква помош или било кој чекор во интерес на ФК Вардар бидејќи 12 години бев дел од тој клуб, нагласи Нелоски и додаде дека и во 2010 година фудбалскиот клуб се соочил со ваква криза меѓутоа тогашното раководство на градот под раководство на ВМРО-ДПМНЕ интервенирало и клубот не само што излезе од безизлезната состојба туку и година дена потоа стана шампион.

Според Арсовска ова е неприфатливо бидејќи со таа помош ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите, посочувајќи дека нејзина молба е да се изнајде соодветно решение и ФК Вардар да се врати под ингеренции на градот, а институциите да испитаат што  конкретно се случувало  во клубот.

Но, мнозинството советници го прифатија амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој предвидува доделување на финансиска помош од 15 милиони денар за ФК Вардар.

Со почит,