Почитувани,
Благодарам на сите за присуството,
Целта на денешната презентација беше да дадеме краток осврт што сработивме во 2022-рата година, но уште побитно да презентираме пред граѓаните кои ни се плановите за 2023-тата година. Секако тука ни се најбитни капитални инвестиции и тие што се најбитни за Аеродром како општина која што согласно демографските податоци што ги добиваме е најголемата општина, но исто така и општина со најмладо население.
Следната година планираме почеток на градба на две нови градинки, едната во населба Лисиче, а другата позади кулите Џевахир. Имаме намера да почнеме со доградби и надградба на две основни училишта. И секако друг ред број на други проекти кои што продолжуваат, примарно насочени кон најмладите категории но исто така решавање на инфраструктури и проблемите што се нови улици, нови паркинзи и сето тоа што им е потребно на аеродромци.