Се реконструира долниот кат во ОУ „Љубен Лапе“!
Со инвестиција од Општина Аеродром која е вредна 4 милиони денари учениците од ОУ „Љубен Лапе“ новата учебна година ќе ја започнат во училиште со целосно реконструиран долен кат.
Инвестицијата која моментално се одвива опфаќа реконструкцијата со која училниците ќе бидат подновени со нови врати и прозорци, бојадисани ѕидови, изолација и други различни содржини што ќе им овозможи на учениците настава во попријатна и современа атмосфера.
Активно работиме на модернизација на образовните услови во Општина Аеродром. Покрај овие активности, реконструкција на застарените делови од училиштата имаше и во ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Блаже Конески“ доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада и започна процесот за доградба, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ наскоро добива нов современ спортско-рекреативен и едукативен полигон, а истовремено во останатите училишта се изведуваат тековни активности за обновување, одржување и осовременување на целата образовна инфраструктура.
Со реализација на ваквите проекти ги подобруваме условите во образованието, како и обезбедување квалитетна образовна инфраструктура со просторни услови за одвивање современа наставна програма. Продолжуваме да ставаме фокус на најмладите и да го остваруваме она кое го ветивме.
#ПроменитеСеСлучуваат#НашАеродром