31.08.2022

Муцунски: Отворена линија за пријавување на штета од невремето, телефонски број 2400970

Службите на Општината во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” и утрово се целосно ангажирани за отстранување на штетите предизвикани од силното невреме кое го зафати Аеродром.

На терен сме заедно со граѓаните и ги ангажираме сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага Општината. Наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и објекти кои го попречуваат движењето на граѓаните и претставуваат опасност.

Од невремето, во текот на ноќта беа забележани и пријавени паднати здрави и зелени дрвја, а причинета е и материјална штета. Отворената линија за пријавување на штета од невремето е отворена и денеска од 8-16 часот, на телефонскиот број 2400970.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0uczYwURypUNfm8X7YmMhsu43f9xjqu7ma9s8ZtyCzLukEfKqwizxjnPCZv4gpFmXl&id=100063632684100