Почитувани,
Добар ден и од мене, чест и задоволство е секогаш да се биде дел од нешто што се започнува да се гради, нешто што за локалното население овде во општина Карбинци, во местото Таринци ќе значи подобар живот, ќе има подобри услови за мештаните. А, во случајот она што е многу важно подобри услови за најмладите, за дечињата.
Јас му честитам на честитам на градоначалникот, честитам на советниците од мнозинството во Советот, на администрацијата што навистина прават се што можат и покрај тоа што Карбинци е би рекол помала општина кога станува збор за бројот на жители, но навистина се прават исклучително големи работи кои што навистина многу значат за луѓето овдека и само така ги охрабрувам да продолжат затоа што на тој начин ќе ја вратиме довербата кај граѓаните, која што морам да признам во минатото од многумина од политичарите ја загубија поради своето однесување и постапки.
Овде во разговор со градоначалникот добив информација дека околу 50-тина се практично дел од ова училиште кое што ќе треба да биде сосема ново таму некаде на почетокот на оваа учебна година, на први септември. Иако не се знае дали на први септември или ќе биде некоја друга дата поради гимнастиките во министерството за образование, некакви предлози се слушаат во јавноста. Но, сепак еве ние зборуваме за први септември и овие педесетина дечиња ќе имаат нова зграда, навистина едни европски услови за учење, за образување што е многу важно бидејќи од најмлади години ние мора да ги стимулираме децата да израснат во едни комплетни личности кои што понатаму ќе ја градат оваа држава.
Уште еднашка би сакал да честитам, да ги охрабрам и градоначалникот и мнозинството во Советот, и администрацијата во Општина Карбинци да продолжат да прават вакви капитални дела и да покажат разлика помеѓу оние кои што се дел од Владата на ДУИ и СДСМ кои што наместо да градат, на дневна основа сме сведоци на многу коруптивни скандали и би рекол крадат. И градоначалниците што доаѓаат од редот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои што континуирано градат капитални објекти, кои што значат додадена вредност за жителите во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат свои градоначалници.