18.03.2023

Мицкоски: Промените во Охрид се чувствуваат, многу проекти се реализирани и се решени долгогодишни проблеми на охриѓани

Почитувани,

Добар ден и од мене, секогаш е задоволство да се присуствува на проекти кои или се изведуваат, или се отпочнуваат или се завршуваат.

Градоначалникот Кирил Пецаков кажа за тоа што се случува во моментот овдека во општина Охрид, што се случуваше и што ќе се случува.

Навистина еден импозантен градежен зафат кој што можеби и со децении досега не бил случен. И овие проблеми кои што сега се решаваат се проблеми кои што со години стоеле нерешени. Но, еве благодарение на градоначалникот, благодарение на администрацијата тука, советниците во Општина Охрид, многу од овие проекти се отпочнуваат и ќе бидат завршени, многу ќе бидат и отпочнати и ќе бидат завршени.

Јас навистина можам да им честитам тоа што нѐ прават нас горди, го прават Охрид, охриѓани и ги решаваат акутните проблеми.

А, само така со проактивна, храбра улога можат да бидат надминати сите проблеми кои што за жал со децении биле напластувани и некако се бегало од нивно решение.

Само така да продолжат и мислам дека на тој начин можеме да ја разбиеме онаа теза дека сите се исти. Напротив, можеме само да кажеме дека на ваков начин и те како постои разлика помеѓу тоа што вие го споменавте, луѓето кои што само крадат, а тоа се луѓето во Владата на ДУИ поддржана од тоа малку што остана од СДСМ, и луѓето кои што се од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалниците кои што градат. Така што разликата е огромна и таа разлика ќе ја покажеме на дело уште повеќе поинтензивно, подинамично веднаш по формирањето на новата Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.