03.10.2023

Мицкоски: Попусти им се гимнастиките со измените во Кривичен законик, ви гарантирам дека одговорност ќе има за се што е направено

Попусти им се гимнастиките со измените во Кривичниот законик, јас ви гарантирам дека одговорност ќе има за сето она кое беше направено, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ на средба со граѓаните во Пештани.

Мицкоски истакна дека додека економијата ни е на колена, земјоделците мака мачат, учениците немаат учебници,  пензионерите протестираат, а власта заработува на мака на народот и мисли дека ќе се спаси од одговорност. 

– Овие од власта една мала група заработува на име на смртта, кога зборувам на тоа мислам на оној последен скандал кој се случи на клиниката за Онкологија. Поминаа месеци и гледате дека нема ниту истрага ниту одговорност за тоа што се случува, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека затоа е важно денеска сите за се обединиме и да застанеме позади ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи. 

– Зборувам за сите протестни гласови кои не се случуваат со денешната реалност. Да не дозволиме преку игри, егзибиции и политички гимнастики политички маргиналци да не разделат. На тој начин добивка ќе имаат само овие политички измамници и криминалци во владата и тоа е нивната цел Имаат цел да создадат прокси опозиционери кои ќе кажуваат тоа што сакаат да слушнете. Единствената опција која знае како е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.

Тој посочи дека затоа не е сеедно дали победата ќе биде со 53, 55 или 61 пратеник. 

– Тоа е важно затоа што колку е победата поубедлива, толку повеќе ќе имаме можност за реализација на проекти.  Поддршката ќе ја добијат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе ви вратиме со храбра, чесна и достоинствена работа, изјави Мицкоски.