Почитувани,
Секогаш кога се пушта нешто ново, за мене претставува чест и задоволство да бидам дел од таков настан, денес на покана на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, заедно со пратеникот, заедно со месното население, со луѓето кои се дел од општината, советниците, администрацијата сме тука во ова населено место да присуствуваме во ова на населено место да присуствуваме на овој исклучително значаен настан за жителите на ова населено место.
Разговаравме со изведувачот на активностите, како што кажа градоначалникот, станува збор за целосно македонски производ и навистина јас ги охрабрувам и останатите општини во Македонија, без разлика дали се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи или од другите политички партии, воедно да ги подобрат условите за живот за граѓаните, а од друга страна да инсталираат македонски производ кој е поефикасен и многу поевтин споредено со она кое е присутно на пазарот но е увозно и со технологија која е неколку децении стара.
Оваа технологија е нова, на многу едноставен начин да се адаптира и проширува и навистина претставува еден чекор напред за општината, за квалитетот на живот во ова населено место и генерално во целост овозможува да има проширување и развој на ова населено место во иднина.
И покрај потешкотиите со кои се соочува општина Ѓорче Петров, наследени обврски од минатото, големи долгови, со макотрпна, храбра работа на градоначалникот, на луѓето кои ја поддржуваат неговата работа тука, полека но сигурно проектите кои беа дел од кампањата на локалните избори во 2021 година се реализираат.
Како и секаде во Македонија има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата знаете оваа влада на ДУИ и СДС, гледа да прави притисок, да ги кочи, да одземе ингеренции, но добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која во еден четиригодишен мандат преку децентрализација на средства од централниот буџет кон општините планира да реализира помеѓу 20 и 22 милиони евра инвестиција овде во Ѓорче Петров за капитални проекти, градинки, училишта, канализациони системи, ваков тип на системи со пречистителни станици, водоводни системи и така натаму, нови улици, асфалт, нешто што претставува потреба на граѓаните овде во Ѓорче Петров но и насекаде во Македонија.
Уште еднаш честитам за реализацијата на овој проект, за реализацијата на многу проекти кои се направени во овие две години од страна на општина Ѓорче Петров имајќи предвид дека долгот кој беше наследен беше од неколку милиони евра, но и покрај тоа се реализираат проекти. Продолжуваме и понатаму да го реализираме тоа што сме го ветиле на граѓаните за време на кампањата во изборите во 2021 година, а за неколку месеци од денеска со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме многу повеќе проекти кои не беа дел од кампањата, а сепак се потреба на граѓаните.