Почитувани,
Добар ден и од мене, поздрав до медиумите, поздрав до граѓаните овдека во Штип. Денеска заедно со градоначалникот, со луѓето од администрацијата, со советниците, со пратениците можеме да видиме како се трансформира Штип на подобро во делот на градежните зафати коишто се превземаат од страна на градоначалникот, Иван има навистина прилично амбициозна агенда, јас сум убеден дека таа ќе ја реализира. Разговаравме и за тоа каков тип на проекти се потребни на Штип кои што би биле инвестирани од страна на централна влада, бидејќи како што знаете оваа централна влада со сите сили се труди да го спречи развојот на Штип, бидејќи онаа општинска обврзница која што беше наменета за два клучни проекта во Штип, инфраструктурни проекта, за жал одлучија од владата на крајот на минатата календарска година да ја тргнат од владина седница и да не помине, иако таа ги помина претходно сите филтри и во Министерството за финансии и на Македонската Берза при Комисијата за хартија од вредност и така натаму. Значи се што е согласно законот и процедурите си беше испочитувано, помина на Совет овдека и така натаму. Но, оваа ненародна влада на ДУИ поддржана од СДСМ одлучи да на владина седница ја тргне таа обврзница и на тој начин мисли да го попречи развојот на Штип, бидејќи ако сега Иван заедно со советниците, заедно со администрацијата работи храбро, амбициозно и чесно овдека, тие мислат дека на тој начин нивната политичка потентност ќе биде намалена односно ќе освојат помалку гласови, тие секако ќе освојат помалку гласови бидејќи тука во Штип како и насекаде во Македонија ќе им се случи дебакл. Но и покрај тоа Иван наоѓа начин како да ги реализира проектите и ќе продолжи и на тој начин да ги реализира проектите, а следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ги уверувам штипјани, ги уверувам луѓето дека навистина тоа кое што е зацртано како план, тоа што е предвидено како голем проект ќе биде реализирано од страна на буџетот на централната влада.
Уште еднаш може да бидам само задоволен, да ги охрабрам, да ги пофалам, да им посакам само уште многу вакви проекти, да продолжат и понатаму овдека во Штип да ги реализираат и се надевам дека веќе следниот пат кога ќе дојдеме овдека во Штип ќе бидеме присутни на некои нови улици, на некои нови игралишта, се она кое што нормално во рамките на општинскиот буџет може да биде реализирано, така што уште еднашка честитки и само храбро напред, чесно затоа што штипјани тоа го заслужуваат.
Во увидот на градежните работи во Општина Штип, обраќање имаше и градоначалникот Иван Јорданов кој истакна дека во моментов во градот се реализираат капитални проекти во вредност од околку пола милион евра, односно 30 милиони денари, кои ќе ги подобрат условите за живеење на жителите на општината.
Јорданов посочи дека сите инвестиции во општината се реализираат со пари од општнскиот буџет и дека иако е свесен дека со во една буџетска година не може да се реализираат сите проекти, но дека е убеден ако се работи одговорно, чесно, транспарентно, посветено од година во година најголем дел од проектите кои што ги вети и кои што се барање на граѓаните, ќе успеат да ги реализираат.
„Сакам да најавам дека и во следниот период кој што претстои, интензивно ќе се работи на уредување на градежно земјиште, на реконструкција на постоечките улици, на изграрба на нови капитални проекти во рамки на она кое што е расположлив оперативен буџет со кој што располагаме“, истакна меѓу другото градоначалникот Јорданов.