Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Чешиново-Облешево во рамките на претседателската и парламентарата кампања побара на изборите на 8 мај сите граѓани да излезат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за професорката Гордана Силајновска Давкова. Имено тој објасни дека ако граѓаните останат дома и не го остварат своето право на глас овозможуваат Али Ахмети, Артан груби, Бујар Османи и Крешник Бектеши да продолжат да го понижуваат целиот народ во Македонија.
-Има и такви кои седејќи одма пркосат на политичарите велејќи дека сите политичари се исти, дека се ќе биде како порано и наоѓаат некакво образложение зошто останале дома за изборите. Во суштина не разбираат дека и во тој случај гласаат, но гласаат за лошите политичари, за они кои ја ограбија, понижија и засрамија Македонија. Гласаат за Али Ахмети да продолжи да живее како блискоисточен шеик во својата хациенда во Зајас направена од ваши пари, да продолжат голобради момчиња да купуваат трговски центри во центарот на Скопје со вредност од неколку десетици милиони евра само затоа што се дел од семејството на Али Ахмети. Да продолжат луѓето кои што се дел од семејството на првенците на ДУИ преку своите фирми да имаат бизниси од неколку десетици милиони евра на грбот на граѓаните. Да продолжат Артан, Бујар, Крешник и останатите да ве понижуваат, да продолжат лагите, да продолжи раскошот во кои уживаат функицонерите на ДУИ, за нив гласаат. Тие кои останаа дома, гласаа за нив, рече Мицкоски и порача:
-Затоа од овде од Чешиново-Облешево ги молат сите кои на 8 мај ќе бидат тука рано наутро да гласаат.Јас би сакал да гласат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и за кандидатот професорката Гордана Силајновска Давкова.
Мицкоско во текот на своето обраќање се осврна и на програмата „Платформа 1198“ каде наброја дел од проектите со кои ќе се овозможи трансформација на Македонија.
-Трансформацијата содржана во нашата Платформа 1198 вклучуваме до 800 милиони евра за земјоделците, реконструкција и ревитализација на сите водоснабдителни системи за земјоделците, потоа имаме 5000 денари линеарно за сите пензионери во првата година и уште многу други ветувања. Затоа е многу важно да се избере оваа наша програма за да можеме да ја трансформираме оваа наша Македонија, рече Мицкоски.
На крај претседателот Мицксоки се заблагодари пред граѓаните за големиот резултат постигнат на 24 Април за ВМРО-ДПМНЕ и за професорката Гордана Силјановска Давкова.
-Од Чешиново-Облешево и вие кои сте овде направивте исклучително голем резултат, благодарение на вас Македонија денес се чувствува повторно горда, а јас сум посебно горд што сум дел од овој процес. Посебно сум горд денеска од устата на 50 нови припадници на министертвото за внатрешни работи слушнавме една прекрасна песна „Бисер Балкански“ која за нас има едно посебно значање како народ, како држава, додаде Мицкоски.