Почитувани,
Најпрвин сакам да изразам задоволство за овој преубав настан, овдека овие денови организиран во Кавадарци, поради причината која што сите сме овдека собрани, а тоа е Тиквшекиот гроздобер и карневалот кој што еве како што може да слушнам од претставниците на светската организација после подолго време повторно се одржува, после две години пауза поради короната, нели, повторно се одржува и јас посакувам и тој да биде успешен, нека се забавуваат гостите.
Знам дека изминативе денови луѓето се забавуваа, десетици илјади наши сограѓани но и останати гости од соседството кое што се придружија на овој преубав настан се забавуваа. Мислам дека беше прекрасно, очекувам и денеска да биде така и да посакам уште многу многу вакви успешни настани кои што ги организира општина Кавадарци и градоначалникот тука и нормално уште многу години повторно да се среќаваме и да си го честитаме овој ден.
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2022/09/Hristijan-Mickoski-11.09.2022.jpg)
![](https://img.youtube.com/vi/1ShZvtfbzFo/mqdefault.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2022/04/Untitled-1-1.png)