Добар ден и од мене, денеска сме овде во Прилеп да еве поразговараме и со градоначалникот, со советниците од Советот, тука се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ овдека од Прилеп. Навистина сум среќен и задоволен кога можам да бидам дел од проекти кои што се реализираат, а кои што претходно биле дел од изборната програма, во случајов локалните избори 2021 година. Ова што го кажа градоначалникот јас сакам само да честитам и да ги охрабрам и Борче како градоначалник и Советот, но исто така сакам да им честитам и на пратениците во македонскиот парламент кои што знам како силно се борат за интересите на прилепчани да обезбедиме ресурс повеќе за да може да биде реализиран проект повеќе овдека во Прилеп.
Само така да продолжат бидејќи само на тој начин можеме да покажеме дека не се сите исти туку напротив дека има луѓе кои што навистина се грижат за народот, кои што се борат во случајов за прилепчани кои што се борат за Македонија и кои што сакаат да успее Македонија кои што градат.
Има такви какви што се овие од коалицијата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ кои што имаат само една опција, тоа е да крадат.
Исто така сакам да најавам една работа која што е многу значајна и која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има како прв приоритет, а тоа е реалокација, инвестирање од страна на централниот буџет во општините во Македонија не помалку од 250 милиони евра на годишно ниво. И овдека во Прилеп се планирани за проекти кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира во вредност од 8 до 8 и половина милиони евра на годишно ниво, што би значело помеѓу 32 и 35 милиони евра за еден мандат, тоа се капитални инвестиции кои што надвор од буџетот на општината директно државата ќе ги инвестира за подобар живот, за подобри услови за живот на прилепчани и на сите оние кои што се дел од општина Прилеп. Тоа е еден навистина исклучително значаен проект кој што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да го прави, реалокација на средства од централниот буџет за инвестиција во капитални проекти низ Македонија. За таа цел ќе повторам уште еднашка, за Прилеп ќе бидат одвоени годишно од 8 до 8 и пол милиони евра или во еден мандат од 32 до 35 милиони евра.
Сосема на крај ќе ми дозволите уште еднашка да му честитам на Борче, на советот, на пратениците за храбрата борба. Условите за работа се навистина тешки, опструкции од страна оваа влада криминална на ДУИ поддржана од СДСМ, но ќе продолжиме да се бориме, уште неколку месеци доаѓа до промена, уште неколку месеци не двојат до новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и едно ново време со проекти и со многу работа.