Почитувани,
Денеска сме овде во Бутел, заедно со градоначалникот Дарко, заедно со луѓето кои што се дел од општинската администрација, со советниците кои што навистина прават нешто, што до сега не се случувало овде во Бутел, односно реализација на голем број проекти кои што му даваат еден нов лик на Бутел.
Посетивме неколку локации, најголемиот дел од проектите кои што се работат и кои што во периодот кој што следи ќе бидат сработени ги кажа Дарко.
Навистина претставува импозантно, јас им честитам и ги охрабрувам и им посакувам нормално уште многу вакви проекти, бидејќи мораме да покажеме дека не се сите исти. Мораме да ја вратиме надежта кај граѓаните, мора да поверуваат граѓаните дека не се сите исти како што е оваа влада на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер на СДСМ, туку дека има политичари и луѓе кои што си го сакаат народот, си ги сакаат граѓаните и си ја сакаат државата, си ја сакаат Македонија и кои што се ќе направат да го направат тоа што го ветиле.
Исклучително сум задоволен и тоа што можам да го констатирам од терен и да заклучам дека Дарко заедно со администрацијата, со советниците тоа што го ветуваше во кампањата на локалните избори во 2021 година во најголема мера го има веќе и завршено, а во најголема мера ќе биде завршено оваа година, би рекол целокупната програма со исклучок можеби на оние големи капитални проекти кои што очекуваме следната влада на ВМРО-ДПМНЕ да помогне, ќе бидат реализирани до крајот на мандатот, а некои работи кои што не беа ветувани ќе бидат исто така реализирани.
Мојата порака до владата на ДУИ поддржана од СДСМ е да општинските обврзниците кои што ќе дојдат на дневен ред кои што ги поминуваат сите законски процедури да ги поддржат за да може да се обезбедат дополнителни средства повеќе кои што понатаму ќе бидат искористени за реализација на нови проекти за граѓаните. Не се тоа средства кои што преку сомнителни набавки во четири очи како што тоа го прави владата на ДУИ, поддржана од СДСМ ќе завршуваат во џебовите на политичките криминалци. Тоа се средства кои што се потребни за граѓаните за да можат да се обезбедат потребни услови за живот.
Затоа, апелирам до владата на ДУИ поддржана од СДСМ, немојте да го казнувате народот затоа што во Бутел нема градоначалник од ДУИ или од СДСМ. Напротив, помогнете, покажете дека кога е најтешко и покажете дека сепак и ние политичарите знаеме да бидеме над ситуацијата и да помогнеме, бидејќи тоа е формалност. Не е нешто кое што ќе значи многу.
Уште еднаш ќе ми дозволите на крај да му честитам на Даре и на луѓето кои што се тука со нас и да им посакам уште многу вакви проекти во општина Бутел.