Почитувани,
Повторно нов проект реализиран. Проект кој што беше оставен недовршен, имаше работи кои што општината како што кажа градоначалникот Александар со сопствени средства ги доврши за да може објектот конечно да биде ставен во функција. Тоа што е ветено, тоа се испорачува. Многу е важно да се направи разлика дека не се сите исти, дека додека некој краде а тоа е владата на ДУИ подржана од СДСМ, некој работи тоа се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа е многу важно да покажеме дека не се сите исти и дека набргу од денеска кога ќе одлучуваат граѓаните во Македонија, во каква Македонија сакаат да живеат, од една страна ја имаат коалицијата на ДУИ подржана од СДСМ, а од друга страна ја гледаат работата на луѓето кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите ние сакаме да направиме нешто повеќе за народот, да направиме нешто повеќе за државата бидејќи тоа е основната цел на една народна партија како што е ВМРО-ДПМНЕ.
Јас сум пресреќен што може да констатираме дека повеќе од 130 дечиња во некои идеални услови до 150 ќе можат тука да зачекорат би рекол во својот живот, да бидат воспитувани од страна на негувателите и воспитувачите во овој прекрасен објект. Колку што можев да разберам и од градоначалникот Александар, но и од директорката листата на чекање од 800 е намалена на 300, а сега ќе се намали и под 200 дечиња во општина Ѓорче Петров. Со ова што спомена градоначалникот дополнително ќе се изгради уште еден објект кој што навистина ќе го сведе на нула или на минимум просторот на листата на чекање.
Доколку оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ сепак одлучи да го политизира сето тоа тогаш следната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе даде прв приоритет на тој објект да се заврши. Така што не може човек да не е задоволен кога гледате како нешто што било ветувано, нешто што било зборувано пред граѓаните конечно се реализира и се пушта во употреба.
Така што уште еднаш честитки до Александар, до тимот, до администрацијата, со советот, до луѓето од општина Ѓорче Петров што и покрај тешките услови морам да признам и покрај многуте проблеми кои ги наследија како општина, Александар е скромен човек и тој тоа не го кажува, но и покрај сите предизвици со кои се соочи како градоначалник успеа со макотрпна работа, чесна и посветена да ги надмине и многу од проектите кои што беа ветувани да бидат реализирани.
Така што честитки од мене и нека е за аирлија и нека продолжат вакви убави работи да се случуваат во следната 2023та година со нова влада, се разбира предводена од ВМРО-ДПМНЕ.