Почитувани,
Чести и задоволство е да се биде дел од еден ваков настан. Сепак се отпочнува еден објект кој што значително ќе го подобри квалитетот на животот овде во општина Петровец на брачните парови кои што ќе можат дечињата да ги згрижат во овој објект, кој што набргу од денеска ќе биде реалност.
Благодарност до градоначалникот, благодарност до Скопскиот Плански регион кој што со заеднички сили во оваа прва фаза, благодарност и до Советот и советниците кои што заедно овде со градоначалникот успеваат и покрај сите предизвици со кои што се соочува општина Петровец да изнајдат начин и средства, да смогнат сили за да можат да реализираат што е можно повеќе проекти. Му честитам на градоначалникот и за тоа што од прилика од 2 недели од денеска и новата општинска зграда ќе ја пушти во употреба, чии што камен темелник пред неколку месеци го отпочнавме.
Така што може да се види една значајна разлика помеѓу тоа како оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер на СДСМ работи, и како работата градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека владата само краде, имаме локална самоуправа каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои што градат капитални објекти, кои што значат додадена вредност во животите на луѓето кои се дел од тие општини.
Уште еднаш честитки до градоначалникот Борче, до советниците, до општината, до Јане како директор на Скопски Плански регион кои што со заеднички сили успеваат ова да го направат и им посакувам уште многу вакви објекти во иднина и уште многу капитални проекти кои ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на сите граѓани.
Уште една работа сакам да напомена, а тоа е дека како идна влада ВМРО-ДПМНЕ планира овде во општина Петровец годишно да инвестира до 1.250.000 евра капитално објекти кои се надвор од буџетот кој што го има општината, или во еден четири годишен мандат тоа се до 5 милиони евра за капитални проекти. Така што нека биде и ова мотив за градоначалникот, но и за самата општина, за администрацијата да изработат проекти и веднаш да почнеме такви капитални проекти да реализираме.
За неколку месеци од денес ќе имаме влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и тогаш ќе можат граѓаните да видат и дополнителна додадена вредност и дополнителна разлика споредено со владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ.