Нека честит денот. Денеска сме тука во Свети Николе да го одбележиме денот, не сме за проекти иако ќе си ги споменеме тие кои се во тек на изработка и тие кои се планираат да се реализираат и се дел од програмата на градоначалникот.
Ова е голем ден за светиниколчани и јас сум тука да им го честитам и да ги поддржам во овие тешки моменти бидејќи навистина животот станува се потежок со оваа неспособна власт, би рекол и криминална.
Ние сме тука и секаде онаму каде што има потреба да ги охрабриме луѓето, дека многу било, уште малку останува до денот кога овие луѓе ќе заминат. Нормално после заминувањето ќе треба да следи одговорност за сето тоа што му го направија на народот.
Нека е честит празникот, за многу години, пред се здравје, среќа, бериќет за сите наши сограѓани