20.07.2022

Мицкоски: Дарко во Бутел се соочи со долгови од својот претходник, но и покрај се, работи и проектите што се ветени се реализираат

Почитувани,

Да се заблагодарам на медиумите за присуството и на граѓаните, Дарко е скромен и не кажува дека има исклучително голем предизвик во сервисирање на тековните обврски кои што ги наследи од неговиот претходник, да не бидам јас еве недокажан, зборувам за долговите кои што ги наследи. Исто така тука е и предизвикот со сметките, високите сметки за електрична енергија кои што се апокалиптични.

Но, и покрај сето тоа се наоѓа ресурси и можности да се реализираат проекти, еве слушнавте дел од проектите кои се реализирани, се реализираат, во тек на реализација се и ќе бидат реализирани.

Не треба да ги потцениме сите овие аргументи и не треба да го потцениме исто така и игнорантскиот однос од страна на Владата која што одлучила да ги казнува бутелчани само затоа што во Бутел градоначалник е од редот на опозицијата односно од ВМРО-ДПМНЕ. И уште повеќе гледаат дека е амбициозен, вреден, чесен, и дека си ја исполнува програмата, тоа е денеска за Владата на СДСМ и ДУИ најголема казна. И они бидејќи сето тоа го гледаат одлучуваат на секој чекор да му поставуваат препреки, сопки итн.

Но и покрај сето тоа и со нив на грб, ние и Дарко овдека во Бутел ќе ги носиме и ќе ги реализираме сите проекти кои што сме ги ветиле и кои што се дел од предизборната програма.

Така што, јас ги уверувам бутелчани еве и самиот Дарко рече дека повеќе од 90%, а јас мислам после промената во Владата и повеќе од тоа што е ветено ќе биде реализирано. А, до тогаш еве да се задржиме на таа прогноза повеќе од 90-тина проценти од тоа што е ветено во програмата.

Важно е дека се работи и дека не се стои и дека се гради. Повторно ќе кажам додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат, овие во Владата не престанаа да крадат. Тоа е разликата меѓу едните и другите.