Почитувани, навистина можам да кажам дека тоа што е направено изминатата година претставува голем чекор напред. Во едни тешки услови, услови кога имате енергетска и економска криза, во услови кога имате влада која што врши притисок во општините каде што има градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ, ги намалува буџетите, ги намалува дотациите затоа што тие во владата ДУИ-СДСМ направиле нивна калкулација дека ако вршат притисок и ако ги намалуваат буџетите и средствата и трансферите на општините каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ тие ќе немаат средства и нема да реализираат капитални проекти, со тоа ќе се намалува рејтингот на градоначалникот, а со тоа ќе се намалува рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и тие како СДСМ и ДУИ ќе растат. Тоа ги советуваат скапо-платените советници кои што се финансираат со народни пари, како крадење тендери во четири очи, најчесто од РЕК Битола. Но, тоа е погрешен совет, затоа што овие луѓе се храбри, овие луѓе се чесни, мотивирани и секој денар го претвараат во капитални инвестиции.
Јас посебно сум горд и задоволен што тоа се случува во Македонија и што покажавме дека не сме сите исти, дека со едно храбро, чесно, мотивирано и одговорно работење може да се постигне многу. Така е примерот овдека во општина Аеродром. Видовте и дека следната година Тимчо направи една презентација заедно со тимот, заедно со советот овдека, со администрацијата на општина Аеродром подготвија многу проекти кои што ќе бидат реализирани за прв пат ќе се направи емисија на зелена обврзница која што ќе биде потрошена исклучиво за фокусирани проекти, за градинки, за училишта, за потребите на најмладите, оние кои што се наша иднина. Проектите се речиси готови и очекуваме и Ковачевски и владата на ДУИ да се надминат себе и да не го блокираат развојот на општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ.