Почитувани,
Убав ден денеска во Свети Николе, убаво е кога може да се види како се реализираат проектите кои што се ветени во програмата за време на кампањата на локаните избори во 2021 година.
Градоначалникот на Свети Николе Дејан продолжува да го реализира тоа кое што беше ветувано и мислам дека сме во одлична фаза со голем процент на реализирано, можеби повеќе од 70 проценти од тоа кое што е ветено. Честитки до него, тимот и администрацијата, до општинскиот совет за вака храбро, мотивирано работење и исполнување на ветено, имајќи во предвид дека се соочуваме со влада која што онаму каде што нивните кандидати за градоначалници катастрофално изгубија, се однесуваат насилнички, ги бојкотира, го кочи развојот на тие општини каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, уште кратко време и тоа ќе заврши и ќе можеме што се вели во последните години од мандатот на градоначалниците да покажеме колку можело, а не било направено и од страна на нивните претходници, градоначалници на СДСМ, но и од владата на ДУИ поддржана од СДСМ изминатиот период.
Така што уште еднаш ќе ми дозволите да му честитам на Дејан, да му посакам уште повеќе вакви проекти да се реализираат затоа што граѓаните заслужуваат да видат еден поинаков пристап на исполнување на работите.
Не сме сите исти, напротив многу сме различни и јас уште еднаш им посакувам на светиниколчани да се радуваат заедно со општинската администрација на многу реализирани проекти кои што во периодот ќе следат.