Почитувани,
Би сакал да го искажам и своето задоволство што сум на почеток на уште еден проект кој што е дел од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, од претходните локални избори овде во Кисела Вода. Како што самиот кажа многу амбициозно заедно со неговиот тим влегоа во овој мандат и огромен дел од програмата или е завршена или е во фаза на реализација или е отпочнато да се реализира, и нема да ме изненади ако на половина од мандатот тоа што беше ветено за четири години, го исполни.
Тоа е добро и тој пример и примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да го следат и останатите градоначалници кои што доаѓаат од другите политички партии, и оние кои што се независни, затоа што тие се гласани од граѓаните за да испорачаат проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Еве како што е овој проект овој пазар во Кисела Вода, каков што ќе биде и тој вториот за кој што веќе најави градоначалникот дека ќе отпочне исто така да се гради во населбата Драчево. За амбициозната програма и реализирани проекти говорат километри и километри асфалтирани улици, други проекти, детски игралишта, спортски игралишта, реконструирани училишта, спортски сали, градинка се пушти овде во Кисела Вода, а се надеваме дека и они обврски кои што се од град Скопје како што е булеварот Борис Трајковски кон Драчево ќе биде завршен во рокот.
Тука јас знам дека и градоначалникот и претседавачот на општината и сите останати се вклучени активно во разрешување и надминување на проблемите и се надеваме дека луѓето кои што гравитираат кон тој дел од градот ќе можат наскоро да имаат булеварско решение со кое што побрзо ќе стигаат до центарот на градот, до своите работни места и да ги завршуваат оние потреби кои што на нив им се важни.
Можам да кажам дека сум исклучително горд и задоволен, од ова што го гледам овде во Кисела Вода, посакувам само така да продолжиме. Тоа што го прават градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да биде пример и за останатите градоначалници. Не сакам со ова да политизирам, тоа е факт, тоа се гледа на секаде низ Македонија, да ги охрабрам и останатите градоначалници без фрустрации, без комплекси да ги следат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи завршува полека но сигурно времето кога Македонија губеше, а доаѓа времето кога Македонија треба да се гради и да победува.
А тоа се надевам дека многу скоро на предвремените парламентарни избори со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го доживеат нашите сограѓани.